0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

„ЕУ за ТЕБЕ” повторно патува: Струмица

Шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар денеска ќе ја посети Струмица во рамки на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ". 

Скопје, 13 март 2019 (МИА) – Шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар денеска ќе ја посети Струмица во рамки на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ”.

Струмица е следната дестинација во серијата посети фокусирани на младите, за време на кои амбасадорот Жбогар и младите луѓе ќе дискутираат и ќе разменат мислења за Европската Унија. Овој пат ќе се дебатира со учениците од Средното училиште „Јане Сандански“. 

По средбата со учениците амбасадорот Жбогар ќе се состане со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, и ќе ја посети градинката „Детска Радост“. Оваа градинка е дел од ЕУ проект финансиран во рамки на програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, со цел подобрување на заштитата на животната средина и користење на природните ресурси преку инвестирање во еколошка инфраструктура и образование за енергетска ефикасност.

Локалната НВО Младински Образовен Форум (МОФ) е исто така составен дел на серијата дебати со младите. МОФ води 15 младински клубови во 8 општини ширум земјата, во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Младинско изразување”. дма/са/

Back to top button
Close