Дописници МКДОпштински вестиСпорт

Две значајни победи на КК Крива Паланка во женските кошаркарски лиги

Екипите на Кошаркарскиот клуб Крива Паланка од младинската кадетска конкуренција и првата женска кошаркарска лига денес одиграа значајни натпревари на домашен терен против ЖКК Гостивар, остварувајќи две победи.

Крива Паланка, 24 март 2019 (МИА) – Екипите на Кошаркарскиот клуб Крива Паланка од младинската кадетска конкуренција и првата женска кошаркарска лига денес одиграа значајни натпревари на домашен терен против ЖКК Гостивар, остварувајќи две победи.
На натпреварот од М-16 лигата за кадетки до 16 години кривопаланечките кошаркарки одиграа дуел во кој оствареното почетно водство од првата четвртина успеаја да го одржат до крајот, прикажувајќи одлична одбранбена игра, сигурна реализација и прецизен шут.
-КК Крива Паланка настапува во оваа лига со помлади, во која со постојано надградување на играта и подобрување на индивидуалните карактеристики на играчите веќе се наѕира високата позиција на табелата која ни гарантира пласман во финалниот турнир за медали.
Денешната тимска игра и концентрација во сите 40 минути од мечот го донесоа одличниот резултат од 74 наспрема 56, а она што преовлада е одличната тимска игра, за што сме особено горди како тренери, изјави претседателот  на КК Крива Паланка и тренер, Ведран Белешковски.
Прволигашката екипа на клубот го надополни стопроцентниот учинок на клубот на денешните две средби.
Лидери на дуелот беа двоецот Спасовска  Крила со постигнати 35 поени и Ѓоргиевска Тамара, со 31 поен. Двете заедно постигнаа две третини од вкупниот број поени на тимот,а натпреварот заврши со резултат 99 : 55.
Следниот викенд прволигашката екипа на кошаркарскиот клуб Крива Паланка гостува кај екипата на КК Баскет- КАМ од Македонска Каменица, а кадетскиот состав е слободен.
Четири девојки од КК Крива Паланка од петок 29 март до недела, 31 март ќе бидат дел од селективниот тренинг за репрезентацијата до 16 години која летото ќе настапи на Европското првенство во Б- дивизија за играчи до 16 години,чиј организатор и домаќин ќе биде Македонската кошаркарска федерација. ид/ац/

Back to top button
Close