Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Драмски театар ќе гостува на фестивалот „Театар на крстопат“ во Ниш

Драмскиот театар Скопје в недела ќе учествува на Интернационалниот театарски фестивал „Театар на крстопат“ во организација на Народниот театар од Ниш, Република Србија. Драмски театар ќе ја изведе претставата Фестен од Дејвид Елдриџ.

Скопје, 14 март 2019 (МИА) – Драмскиот театар Скопје в недела ќе учествува на Интернационалниот театарски фестивал „Театар на крстопат во организација на Народниот театар од Ниш, Република Србија. Драмски театар ќе ја изведе претставата Фестен од Дејвид Елдриџ.

Фестивалот има за цел да ја обедини театарската уметност од Балканскиот полуостров на едно место, притоа презентирајќи ги сличностите и разликите на театарските дејци на овие простори и цели кон јакнење на меѓународната културна размена, промовирање на театарските творци, размена на театарски техники и идеи.

– ДТС е почестен со поканата да учествува во создавањето на интернационалниот театарски фестивал, за кој организаторите се надеваат дека ќе прерасне во водечки фестивал во регионот и ќе биде место каде се разменуваат современи театарски достигнувања и културни вредности, се вели во соопштението на ДТС. мс/са/

Back to top button
Close