0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, оствари низа средби со високи американски функционери при неговата посета на Вашингтон, а освен за билатералните односи и состојбата во регионот, станало збор и за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 20 март 2019 (МИА) – Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, оствари низа средби со високи американски функционери при неговата посета на Вашингтон, а освен за билатералните односи и состојбата во регионот, станало збор и за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Кумуцакос, имал средби со новиот помошникот државен секретар Филип Рикер, со заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер, како и со Јури Ким, шефот на Директоратот на Стејт департментот за Југоисточна Европа.

Во однос на Договорот од Преспа, според грчката новинска агенција АНА-МПА, Кумуцакос на средбите ја повторил цврстата позиција на Нова демократија дека станува збор за штетен договор и истакнал дека не е урамнотежен затоа што Република Северна Македонија е единствената страна што има конкретна корист преку интеграцијата во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

-За жал не постои нешто конкретно и материјално, што грчките граѓани ќе го видат како позитивен резултат од овој договор. И ова треба да се излечи и е еден од големите залози за следната влада на Нова демократија, за да се справи со негативните последици и да создаде конкретна политика во корист на интересите на земјата, рекол Кумуцакос.ср/са/

Back to top button
Close