Бизнис

Доделени 20 електрични скутери од „Зелената наградна игра“

Дваесет електрични скутери додели денеска Охридска банка Сосиете Женерал од „Зелената наградна игра“, организирана во насока на подигнување на еко свеста, грижата за чиста средина и чист воздух.

Скопје, 14 март 2019 (МИА) – Дваесет електрични скутери додели денеска Охридска банка Сосиете Женерал од „Зелената наградна игра“, организирана во насока на подигнување на еко свеста, грижата за чиста средина и чист воздух.

Право на учество во оваа наградна игра имаа сите клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал, иматели на дебитни и кредитни картички издадени од страна на Банката, со направени најмалку 10 трансакции со дебитна картичка и 5 трансакции со кредитна картичка.

Од Банката во соопштение наведуваат дека со доделување на вкупно 70 велосипеди на клиенти во 2018 година, 20 електрични скутери, како и изградба на вело-паркинзи, набавка на еко-возила, оплеменување на јавни површини,  во континуитет ја покажува својата грижа за животната средина и како општествено-одговорна компанија продолжува да делува во оваа насока, покажувајќи јасна визија кон одговорно делување.скс/дма/

Back to top button
Close