Оригинални текстови

Демант од градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски

Скопје, 27 март 2019

Скопје, 27 март 2019

Почитувани, Врз основа на информацијата која што беше објавена денес на некои медиуми дека постои судир на интереси во извршување на функцијата градоначалник на Општина Ресен и член на Управен одбор на ЈП “Студенчица” Кичево од 2017 година, односно со самото именување за градоначалник на Општина Ресен со Уверение број 11-179/3 од 19.10.2017 година на Општинската Изборна комисија-Ресен, по автоматизам ми престанува и функцијата член на Управен одбор на ЈП”Студенчица” Кичево на која бев назначен со Решение број 24-4345/1 од 03.09.2017 година на Владата на Република Македонија, за што од страна на ЈП Студенчица е известена Владата и со одлука е именувано друго лице.

Градоначалник на Општина Ресен Живко Гошаревски

______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close