Дописници МКДОпштински вести

Дебрани и понатаму на врвот по бројот на прибрани крвни едници

Дебарската организација на Црвен крст и крводарителите и годинава 17 март, Денот на крводарителството во нашата земја, го дочека со резултати кои се за посебна почит.

Дебар, 18 март 2019 (МИА) – Дебарската организација на Црвен крст и крводарителите и годинава 17 март, Денот на крводарителството во нашата земја, го дочека со резултати кои се за посебна почит.

– Жителите од општините Дебар и Центар Жупа и понатаму се на врвот на најхуманите кога станува збор за доброволно подадената рака и даруваната драгоцена течност што живот значи. Во изминатиот период од годинава прбрани се 189 крвни единици. Од нив 69 крвни единици се прибрани во вонредна акција,додека 120 единици при укажана потреба за тоа,или популрно наречена фамилијарна крв, изјави за МИА, Исни Телќиу секретар на Општинската организација на Црвен крст на Дебар.

Според него, последните години редовно ја надминуват бројката од 600 крвни единици.

– Лани прибравме 634 крвни едници во девет крводарителски акции. Она што посебно радува е фактот што се зголемува бројот на оние кои за првпат даруваат крв, а меѓу нив повеќето млади. Од вкупниот број, за првпат крв даруваа 112 лица од нив 80 отсто се млади лица, вели Телќиу.

Акциите се спроведуваат со екипи на Институтот за трансфузиона медицина. Врз основа на договорот со оваа Институција, а имајќи ја во предвид одличната состојбата со залихите на крв, годинава предвидени се помалку акции од лани, односно седум редовни и една вонредна, која веќе е спроведена.

– Не само на организираните акции, дебрани редовно се јавуваат и кога некој има потреба за крв.За нив не е битно за кого ја даруваат драгоцената течност, туку да спасат живот, посочува Телќиу.

Честитајќи им го 17 март, Денот на крводарителството во земјава, тој изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции што го помогнале развојот на крводарителството во Дебар. вт/нд/

Back to top button
Close