0_Македонија.ПорталГраѓански секторПретседателски избори 2019

ЦИВИЛ го финализира изборот на апликации за набљудувачи на изборите

Комисијата за кадровски прашања на ЦИВИЛ денеска почна со финализирање на одлуките по апликациите за набљудувачи на претседателските избори. Интересот да се стане набљудувач на ЦИВИЛ е голем и повеќекратно го надмина бројот од 160 колку што организацијата може да акредитира набљудувачи во овој изборен процес.

Скопје, 25 март 2019 (МИА) – Комисијата за кадровски прашања на ЦИВИЛ денеска почна со финализирање на одлуките по апликациите за набљудувачи на претседателските избори. Интересот да се стане набљудувач на ЦИВИЛ е голем и повеќекратно го надмина бројот од 160 колку што организацијата може да акредитира набљудувачи во овој изборен процес.

Првичните резултати ќе бидат познати денеска, а одлуките за статусот на апликациите ќе бидат доставени до кандидатите најдоцна до среда, 27 март.

ЦИВИЛ, како што соопшти, спроведува континуиран мониторинг на состојбите на човековите права преку својата мрежа на активисти, проектни тимови и граѓански новинари, а особено засилен мониторинг во изборен контекст почна веднаш по распишувањето на изборите на 8 февруари. Досега, ЦИВИЛ објави голем број содржини поврзани со мониторингот на својата медиумска платформа. За да бидат содржините подостапни, се отвори и посебна рубрика „ИЗБОРИ 2019“.

Освен редовното објавување информации и извештаи од теренот, ЦИВИЛ почна и со серија содржини со едукативен карактер, од кои деновиве ќе состави и онлајн публикација со цел да им помогне, како на своите набљудувачи, така и на сите гласачи, во донесувањето информиран избор на денот на гласањето. мч/дма/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close