0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитика

Чешка ќе го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО до ова лето

Парламентот на Република Чешка ќе го ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО до ова лето, а наесен земјата во Лондон ќе седи со останатите земји членки на Алијансата како нејзина 30-та членка, истакна денеска чешкиот министер за надворешни работи, Томаш Петжичек на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Никола Димитров по средбата што ја имаа во МНР.

Скопје, 14 март 2019 (МИА) – Парламентот на Република Чешка ќе го ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО до ова лето, а наесен земјата во Лондон ќе седи со останатите земји членки на Алијансата како нејзина 30-та членка, истакна денеска чешкиот министер за надворешни работи, Томаш Петжичек на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Никола Димитров по средбата што ја имаа во МНР.

Петжичек му честита на Димитров за затворањето на спорот со Грција и напомена дека постигнувањето на Договорот од Преспа е пример како две влади можат да решат еден долгогодишен спор.

Нагласи дека РСМ треба да продолжи со реформски напори и да ги затвори сите отворени прашања и додаде дека неговата земја ќе и помогне на РСМ во сите области во кои таа помош ќе и биде потребна со цел по НАТО да се отворат и вратите за ЕУ.

Чешка со Северна Македонија ќе ги сподели сите нејзини искуства за почеток на преговорите со ЕУ.

-На земјата можеме да и ги посочиме нашите искуства и примери на патот на приклучувањето кон ЕУ со цел да не ги повторувате грешките што ние ги направивме, бидејќи најдобриот пат да не се прават грешки е да учиме од туѓите грешки, рече чешкиот министер за надворешни работи.

Двајцата министри разговарале за реформите што во земјата се спроведуваат на патот на интегрирањето во ЕУ, а Петжичек истакна дека до Советот во јуни државата ќе треба да им покаже на европските партнери дека продолжува на патот на реформските процеси. Како најпроблематична сфера во моментов на која треба напорно да се работи го посочи правосудството, конкретно законот за Јавното обвинителство за кој власта и опозицијата формираа работни групи за усогласување на ставовите и со кој е опфатен статусот на СЈО.

Министерот Димитров нагласи дека од Чешка имаме многу да учиме на патот на евроинтегративните процес.

-Од Чешка имаме многу да учиме. Министерот беше скромен и ги спомна грешките, но Чешка исто така има и многу успеси и позитивни чекори. Мислам дека Чешка многу добро ги искористи златните години во однос на членството во НАТО и ЕУ, во однос на својата демократија, но и во однос на својата економија. Имаме доста добри примери и во контекс на Вишеградската група во која припаѓа Чешка, регионалната соработка на Балакнот е многу важна, рече Димитров потсетувајќи оти по примерот на оваа група е формиран Фонд за Западен Балкан.

Диитров исткана дека Северна Македонија е прва земја од регионот која Петжичек ја посетува од позиција на министер за надворешни работи и додаде дека таа се реализира во време на многу случувања и многу работа. Оваа година, дополни, Чешка и Северна Македонија одбележаа 25 години од воспоставување на дипломатските односи.

Како блиски партнерски и пријателски, ги оцени Димитров односите меѓу двете земји, додавајќи дека земјите имаат културни и историски врски преку сесловенската мисија на Свети Кирил и Методиј.

За зголемување на трговската и економската соработка меѓу другото раговарале денеска двајцата министри. Потпишале и Меморандум за соработка меѓу двете министерства кој ќе овозможи поредовна соработка и почести консултации за прашања од заемен интерес.

На средбата Димтиров му заблагодарил на Петжичек за придонесот што Чешка го дава за безбедноста на јужната граница каде во моментов заедно со македонската гранична полиција работи 24-от Контигент од Република Чешка. ац/мч/

 

Back to top button
Close