0_Спорт.ПорталSport.SlajderСпортФудбал

Бекенбауер го вика Клоп назад во Германија

Франц Бекенбауер во изјавата за германски „Скај" по натпревар помеѓу Баерн и Ливерпул во Минхен изјави дека би сакал да го види Клоп на клупата на Баерн.

Минхен, 14 март 2019 (МИА) – Фудбалерите на Ливерпул се во четврт-финалето на Лигата на шампионите, и иако Јирген Клоп се чини дека нема да го напушти Енфилд долго време, легендата на светскиот фудбал знае што ќе биде врв на неговата тренерска кариера.

Франц Бекенбауер во изјавата за германски „Скај” по натпревар помеѓу Баерн и Ливерпул во Минхен изјави дека би сакал да го види Клоп на клупата на Баерн.

Лошата ситуација во баварскиот гигант, критиките на сметка на тренерот сугерираат дека Ковач на крајот од сезоната би можел да остане без работа, а Бекенбауер сака да го види Клоп во таа позиција.

– Јирген Клоп во Баерн, тоа би било феноменално. Клоп ги научи Германците да играат брз фудбал, рече Бекенбауер.

Клоп со Дортмунд го освои првенството на Германија во 2012 година.

Back to top button
Close