0_Спорт.ПорталФудбал

Бејл може да одигра клучна улога во трансферот на Погба во Реал

Бејл е стара трансфер цел за „црвените ѓаволи“ кои се обидуваат да го привлечат од летото 2017 година. Во меѓувреме, ситуацијата во англиската Премиер лига е добро позната за репрезентативецот на „змејовите“, кој пред да премине во „кралскиот“ клуб во 2013 година беше дел од Тотенхем.

Мадрид, 21 март 2019 (МИА) – Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл може да одигра клучна улога во привлекувањето на играчот за врска на Манчестер Јунајтед Пол Погба на „Сантијаго Бербабеу“. Според информации на „АС“, Велшанецот може да биде искористен како адут, за да може светскиот шампион со Франција да го облече дресот на „белите“.

Бејл е стара трансфер цел за „црвените ѓаволи“ кои се обидуваат да го привлечат од летото 2017 година. Во меѓувреме, ситуацијата во англиската Премиер лига е добро позната за репрезентативецот на „змејовите“, кој пред да премине во „кралскиот“ клуб во 2013 година беше дел од Тотенхем.

Во Шпанија нè потсетуваат дека Зизу инсистирал Погба да бидепривлечен во летото 2016 година. Тогаш до договор не дојде поради влошените односи меѓу претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез и агентот на играчот – Мино Раиола. Јувентус и Јунајтед на крајот се согласија и халфот се пресели во англискиот гигант.вз

Таг
Back to top button
Close