Дописници МКДОпштински вести

Арбен Аголи, кандидат на Алијансата за Албанците за градоначалник на Дебар

Алијасата за Албанците на 21 април во трката за градоначалник на Дебар ќе учествува со доктор Арбен Аголи, познат педијатар. Ова, како што се наведува во соопштението на партискиот огранок, било одлучено на синоќешното Собрание на дебарскиот огранок на партијата.

Дебар, 15 март 2019 (МИА) –  Алијасата за Албанците на 21 април во трката за градоначалник на Дебар ќе учествува со доктор Арбен Аголи, познат педијатар. Ова, како што се наведува во соопштението на партискиот огранок, било одлучено на синоќешното Собрание на дебарскиот огранок на партијата.

– На Изборното собрание во присуство на 59 од 65 делегати едногласно за кандидат за градоначалник на општината беше избран д-р Арбен Аголи. Претходно, за активностите на дебарскиот разгранок за период меѓу двете собранија извештај поднесе Илирјан Фетаху,претседател на разгранокот, додека за актуелата состојба во земјава и значењето на двојните избори зборуваше Сурија Рушити, пратеник во Парламентот на Северна Македонја од редовите на Алијансата за Албанците, се наведува во соопштението.

Аголи беше во трката за градоначалник и на минататите локални избори во 2017 година, кога во вториот круг со тесен резултат беше избран Ружди Љата за градоначалник, кој по кусо и тешко боледување почина во ноември минатата година. вт/бак/

Back to top button
Close