0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Антикорупциска ќе ја проверува имотната состојба на Ѓорге Иванов

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска објави дека ќе врши проверка на имотот на претседателот Ѓорге Иванов.

Скопје, 15 март 2019 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата денеска објави дека ќе врши проверка на имотот на претседателот Ѓорге Иванов.

Како што изјави денеска на петтата седница претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, Антикорупциската комисија проверката ќе ја врши по допрен глас, согласно членовите 92 и 85.

Мандатот на Иванов му истекува на 12 мај годинава, а проверката на имотната состојба е со цел да се види каква промена има во имотот на претседателот во двата негови мандати.

Минатата недела ДКСК објави дека предмет на постапка на Антикорупциската комисија ќе бидат предизборните унапредувања и именувања во Армијата што, како што наведоа оттаму, Иванов ги потпишал во предизборен период. нд/са/

 

Таг
Back to top button
Close