0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ангеловски: Подготвени влегуваме во дуелот со Словенија

Репрезентативците денеска го одржаа и официјалниот тренинг пред вториот натпревар од квалификациите. Поради повреда на дуелот во Скопје против Летонија, од списокот за настап испадна Ферхан Хасани, а Ангеловски на негово место не повика друг играч.

Љубљана, 23 март 2019 (МИА) – Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, на официјалната прес-конференција пред утрешниот наптревар против Словенија во квалификациите за ЕП 2020 изјави дека во тимот владее одлична атмосфера по победата над Летонија во четвртокот, како и дека се подготвени за дуелот на „Стожице“.

Репрезентативците денеска го одржаа и официјалниот тренинг пред вториот натпревар од квалификациите. Поради повреда на дуелот во Скопје против Летонија, од списокот за настап испадна Ферхан Хасани, а Ангеловски на негово место не повика друг играч.

– Имавме време да се одмориме и подготвени влегуваме во дуелот со Словенија. Го знам тимот што ќе истрча утре, но нормално нема да го кажам сега, затоа што тоа најпрво ќе им го соопштам на играчите. Наша интенција е да влегуваме во овој меч со истиот пристап како во изминатите три години. Од тоа што сме анализирале Словенија има добар среден ред и напад, а и опасни контра-напади. Но ние ќе излеземе на терен да си ја играме нашата игра. Се среќаваат две добри репрезентации и очекувам натпреварот да биде неизвесен. Имаме позитивна атмосфера и очекувам тоа да го матријализираме утре на терен, изјави вечерва селекторот.

Фудаблерот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски пак изјави дека екипата ќе се потруди да освои бодови од ова гостување и со тоа да докаже дека оваа генерација може да игра на големо натпреварување.

– Верувам дека ќе се покажеме во добро светло. Ќе се потрудиме да се вратиме со бод или бодови од ова гостување. Јас го познавам многу добро селекторот на Словенија, Кек, и сигурно дека тој сака многу да победи. Ќе биде ова добар натпревар. Ние долго време сме заедно што значи дека можеме да се носиме со секого. Сакаме да докажеме дека оваа генерација има квалитет да игра на големо натпреварување како што е Европското Првенство, изјави Ристовски.

Дуелот на програмата е утре од 20,45 часот.вз

Таг
Back to top button
Close