0_Спорт.ПорталРезултатиТенис

Андреску и Кербер во спор за титулата во Индијан Велс

Тинејџерката ја започна сезоната на 152-та позиција во рангирањето на ВТА, но откако стигна до финалето, веќе ќе си обезбеди место во топ 40 по турнирот во Калифорнија

Индијанаполис, 16 март 2019 (МИА) – Учесничка со „вајлд карта“, Бјанка Андреску (Канада) постигна тежок успех против шестата носителка Елина Свитолина (Украина) со 6:3, 2:6, 6:4 и се пласира во финалето на силниот турнир во Индијан Велс (САД) со награден фонд од 8,36 милиони долари.

Осумнаесет годишната Андреску во спор за титулата ќе игра со број 8 во шемата Анжелик Кербер (Германија), која триумфираше со 6:4, 6:2 над Белинда Бенчиќ (Швајцарија).

Тинејџерката ја започна сезоната на 152-та позиција во рангирањето на ВТА, но откако стигна до финалето, веќе ќе си обезбеди место во топ 40 по турнирот во Калифорнија.вз

Таг
Back to top button
Close