0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Амбасада на САД: Политичките лидери да избегнуваат потпалувачки изјави

Потпалувачките изјави на политички лидери предизвикуваат страв и поделби, особено кога некоректно за политички цели се користат историски настани како што е Нирнбершкиот процес. Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог во однос на напредокот на земјата. Клучно е лидерите овде да се ангажираат во поцивилизиран дијалог што ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на Северна Македонија, објави попладнево Амбасадата на САД на својот Фејсбук профил.

Скопје, 14 март 2019 (МИА) – Потпалувачките изјави на политички лидери предизвикуваат страв и поделби, особено кога некоректно за политички цели се користат историски настани како што е Нирнбершкиот процес. Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог во однос на напредокот на земјата. Клучно е лидерите овде да се ангажираат во поцивилизиран дијалог што ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на Северна Македонија, објави попладнево Амбасадата на САД на својот Фејсбук профил.

Ваквата реакција на Амбасадата следува по вчерашната изјава на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вчера во ТВ интервју го спореди судењето на обвинетитет за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година со Нирнбершкиот процес, односно со судењето на нацистите по Втората светска војна. вг/са/

Back to top button
Close