БизнисБизнис.Портал

„Аладинова ламба“ нов инстант лоз на Државна лотарија на Македонија

Државна лотарија на Македонија го најавува најновиот инстат лоз „Аладинова ламба“.

Скопје, 5 март 2019 (МИА) – Државна лотарија на Македонија го најавува најновиот инстат лоз „Аладинова ламба“.

Лозот нуди две интересни игри и до шест  шанси за добивка. Игрите се независни една од друга и играчот може да има добивки  во секоја поединечна игра.

Лозот „Аладинова ламба“ нуди можност за добивка до 700.000 денари. Освен седумте најголеми добивки од 700.000 денари, лозот нуди и 10 добивки од по 100.000 денари, 10 добивки од по 50.000 денари, 25  добивки од по 20.000 денари и 50 добивки од по 10.000 денари што во случај на добивка се исплаќаат на благајната на Државна лотарија на Македонија, како и бројни други парични добивки од 70 до 5.000 денари кои се исплаќаат на среќните места ширум Македонија.скс/са/

Back to top button
Close