0_Спорт.ПорталФудбал

Абрамович сака Челзи да се раздели со Кепа

Кепа одби да биде заменет во финалето за Лига Купот на Англија против Манчестер Сити, а по натпреварот Сари го критикуваше. Кепа беше изваден од првиот состав за еден дуел и доби парична казна, но потоа се врати под рамката во минатото коло против Фулам.

Лондон, 5 март 2019 (МИА) – Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович дал наредба на клупската управа да му бара нов тим на голманот Кепа Арисабалага поради неговиот конфликт со менаџерот Маурицио Сари, тврди „Ел Конфеденсиал“.

Кепа одби да биде заменет во финалето за Лига Купот на Англија против Манчестер Сити, а по натпреварот Сари го критикуваше. Кепа беше изваден од првиот состав за еден дуел и доби парична казна, но потоа се врати под рамката во минатото коло против Фулам.

Информациите на шпанското издание се прилично шпекулативни, бидејќи 24-годишниот Кепа премина во Челзи од Атлетик Билбао минатото лето за рекордни за голман 80 милиони евра.вз

Таг
Back to top button
Close