0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

ЗНМ: Министрите да научат да комуницираат со новинарите

Здружението на новинарите на Македонија во денешното соопштение го осудува однесувањето на министерот за економија, Крешник Бектеши кон новинарката Милка Смилевска, посочувајчи дека министрите треба да научат да комуницираат со новинарите.

Скопје, 21 февруари 2019 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија во денешното соопштение го осудува однесувањето на министерот за економија Крешник Бектеши кон новинарката Милка Смилевска, посочувајчи дека министрите треба да научат да комуницираат со новинарите.

Имено, на новинарското прашање на Смилевска за тоа како неговата сестра се вработила токму во период кога тој станал министер, Бектеши одговори со прашање: „Зошто новинарите работат во медиумите во кои работат, а зошто не во некои други?“

-Го потсетуваме министерот Бектеши, но и останатите министри во Владата дека новинарите се гласот на јавноста и нивна работа е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека министрите треба да дадат одговори на тие прашања. Ова особено важи во случаи кога има сомневања за злоупотреба на должноста од страна на функционери во власта. Ова не е прв случај на непримерно однесување на министрите на оваа влада. ЗНМ веќе реагираше на етикетирањето и притисоците кои беа извршени врз новинарите од страна на други владини министри, истакнуваат од ЗНМ.
Оттаму го повикуваат премиерот Зоран Заев сериозно да разговара со своите министри бидејќи, како што велат, ваквите изјави и однесувања се непримерни и директно ги загрозуваат слободата на медиумите и слободата на изразувањето. дма/сд/

Back to top button
Close