Дописници МКДОпштински вести

Зголемен бројот на пациенти на штипското Инфективно одделение

Инфективното одделение во  Клиничка болница-Штип деновиве се полни со пациенти болни од грип. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека на оваа одделение се хоспитализирани 44 пациенти со симптоми на грип.

Штип, 21 февруари 2019 (МИА) – Инфективното одделение во  Клиничка болница-Штип деновиве се полни со пациенти болни од грип. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека на оваа одделение се хоспитализирани 44 пациенти со симптоми на грип.

-На Инфективното одделение е зголемен бројот на пациентите и има 44 лица со симптоми на грип. Возраста на пациентите е над 14 години, а според лекарите инфектолози поголем број од пациентите се со компликации на горен и долен респиратен тракт, вели Шуманска.

Голем број пациенти во Инфективното одделение во Штип се од Радовиш, каде месецов имало регистрирано 142 заболени со симптоми на грип. Во текот на овој месец на ниво на источен регион се евидентирани 442 пациенти со регистрирана инфлуенца. вдј/дма/

Back to top button
Close