0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталВидео изјаваПолитикаПретседателски избори 2019

Заев: „Алтернатива“ и ДПА согласни да се најде заеднички кандидат за претседател

„Алтернатива“ на Африм Гаши и ДПА на Мендух Тачи се согласни да продолжи процесот за изнаоѓање заеднички кандидат за претседател на државата. Ова вечерва го изјави премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев во Клубот на пратеници, по средбите со лидерите на овие две политички партии.

Скопје, 19 февруари 2019 (МИА) –  „Алтернатива“ на Африм Гаши и ДПА на Мендух Тачи се согласни да продолжи процесот за изнаоѓање заеднички кандидат за претседател на државата. Ова вечерва го изјави премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев во Клубот на пратеници, по средбите со лидерите на овие две политички партии.

– Денешната средба со Африм Гаши од „Алтернатива“ вроди со плод зашто веруваат дека ова е од полза на граѓаните. Идниот претседател ќе биде еднаков пред сите граѓани, ќе биде претседател кој ќе им служи поднеднакво на сите. Верувам дека уште од самиот почеток водење анализа, правење селекции и вршење избор на кандидат зад кој би застанале сите ние, претставниците на граѓаните преку политичките субјекти кои ги водиме ќе даде резултат, рече Заев.

Рече дека Тачи, исто така, даде позитивно светло да ги продолжиме процесите со напори сите заедно да изнајдеме заеднички кандидат. Најави дека сите истражувања и анализи кои ги имаат направено ќе ги споделат.

– Некои од партиите имаат и свои анализи за да можеме до крајот на неделата да заклучиме дали воопшто кај сите партии или кај дел од партиите постои амбиент за градење концепт за заеднички кандидат за претседател зад којшто сите ќе застанеме. Ако поприлично успееме во таквиот процес, јас се надевам дека и опозициските Алијанса за Албанците, со која утре имаме средба, а в четврток со Беса и со Билал Касами, се надевам дека има шанси позитивно да се изјаснат за оваа работа, секако ќе го почитуваме секое нивно изјаснување би било логично на почетокот на идната недела да почнеме веќе околу одредени имиња, на номинирање од сите партии подеднакво, рече Заев.

СДСМ идната недела ќе ги разгледува сите анализи и анкети за, како што рече, „да добие повратни информации од сите политички партии за да можеме и ние да ја носиме својата одлука за кандидатот зад кој ќе застанеме како политички субјект, но и како севкупни политички партии“.

– Останувам оптимист дека ова е вистинскито начин на пристапување на вака сериозен процес како што е изборот за претседател на државата. Верувам дека овој процес ќе биде еден нов квалитет во севкупниот живот на сите граѓани на Република Северна Македонија, но ќе биде и од огромна помош за периодот и процесите кои претстојат пред нас, рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека не постои некое големо разграничување на партиски и натпартиски кандидат, а повеќе од политичките партии се изјаснуваат за самите личности, но тоа се само мислења на лидери на партии. Сите тие, вклучително и ние, како што рече, ќе се вратиме во органите и телата на политичките партии каде со длабински анализи веројатно со одговорноста како тоа граѓаните ни испраќаат пораки преку анкетите кои ги имаме направено ќе значи и процесот на оформување на мислењето.

Додаде  дека досега разговарале со 22-23 коалициски партнери. Заев рече дека сите гледаат на кандидатот навистина да биде поддржан од огромно мнозинство граѓани, да има еднаква поддршка од сите етнички заедници, и по социјална и по старосна структура, и генерално да има поддршка и од младите, од повозрасните и од старата генерација.

-Рано е да кажеме имиња. Мене ми е драго што дел од кандидатите се секако и од СДСМ, имаат одговорност за еден ваков концепт, но и за градење единството. Се надевам дека процесот на пристап преку заеднички кандидат ќе даде добар плод кој ќе биде од интерес на сите граѓани и на Република Северна Македонија, посочи Заев.

Прашан дали би прифатиле кандидат за претседател кој не е од СДСМ, Заев одговори дека секое име е вредно за разгледување, доколку има свои амбиции, а притоа да биде прифатлив.

– Затоа е многу рано да истрчуваме со тоа кој е прворангиран, а кој е второрангиран… Важно е што има амбиент за оваа работа. За мене е тоа сериозен исчекор, а вториот е да видиме која е таа личност. Постои таква личност или личности кои би не обединиле. Тоа е сериозен процес, може да биде и неуспешен. Но, јас верувам дека ако направиме напори заради државата и граѓаните може да имаме успешен процес, рече Заев. мд/хс/

Back to top button
Close