0_Спорт.ПорталДописници МКДСпорт

Во пријателски натпревар ЖФК „Каменица Саса“ поразен од ЖФК „Спортисимо“ од Благоевград

Во пријателски фудбалски натпревар, денеска во Македонска Каменица, силите ги одмерија фудбалерките на ЖФК „Каменица Саса“ кои го пречекаа силниот тим на ЖФК „Спортисимо“ од Благоевград, соседна Бугарија. Според тренерот на екипата од Македонска Каменица, Зоран Златковски, пријателскиот натпревар бил одлична можност за подготовки на екипата пред претстојниот пролетен дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига на Македонија. 

Македонска Каменица, 17 февруари 2019 (МИА) – Во пријателски фудбалски натпревар, денеска во Македонска Каменица, силите ги одмерија фудбалерките на ЖФК „Каменица Саса“ кои го пречекаа силниот тим на ЖФК „Спортисимо“ од Благоевград, соседна Бугарија. Според тренерот на екипата од Македонска Каменица, Зоран Златковски, пријателскиот натпревар бил одлична можност за подготовки на екипата пред претстојниот пролетен дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига на Македонија.

– Ова беше тврд натпревар во кој ги одмеривме силите со подобар противник кој победи со 0:3. Во првото полувреме гостите беа подобри и заслужено го добија со 0:2, додека во второто полувреме играта беше рамноправна, при што гостите постигнаа уште еден погодок. За нас најважно беше темпирање на формата за продолжението од сезоната во првата фудбалска лига. Ова искуство и тоа како ќе им биде добредојдено на фудбалерките од М. Каменица за подобрување на пласманот на табелата, истакна Златковски.

По есенскиот дел од сезоната, екипата се наоѓа во горниот дел на табелата, а очекувањата на стручниот штаб од М.Каменица се екипата да се искачи неколку скалила погоре. вс/мс/

Back to top button
Close