Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Во Кичево вечерва се отвора изложбата „Калеидоскоп” од Музеј на Град Скопје

Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Калеидоскоп“.

Кичево 18 февруари 2019 (МИА) – Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечерва ќе биде отворена изложбата „Калеидоскоп“.

Изложбата се организира од Музеј на Град Скопје и ќе биде отворена до 1 март, влезот ќе биде слободен.

Кураторите Благоја Варошанец и Екатерина Намичева ги селектираа делата на две млади графички дизајнерки од Македонија: Симона Трипкова и Маријана Ивановска за претставување на изложбата „Калеидоскоп“, што е дел од годинашната програма за одбележување на Европскиот ден на креативноста, а е во рамките на европскиот проект „КреАрт“.

Проектот „КреАрт“ има за цел да им овозможи на младите артисти поголема мобилност и поголема слобода на изразување, што впрочем е постојаната цел и на проектот „МузеумЛинк“. На овој начин сите градови кои ќе ја преземат оваа изложба како Кичево ќе бидат дел од семејството на европски градови кои се залагаат за поголема мобилност на креативноста и креативните идеи, како и ќе ја имаат привилегијата да видат уметнички настапи на творци еднакво како и во големите европски метрополи, вели Маја Николоска Силјаноска од Центарот за култура. рз/фф/

Таг
Back to top button
Close