0_Македонија.ПорталПолитика

Владата нема да дава мислење за законот за пазари, бидејќи е пролонгирана неговата примена

Владата на денешната седница донела одлука да не дава мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, бидејќи веќе е донесена одлука со која се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година.

Скопје, 12 февруари 2019 (МИА) – Владата на денешната седница донела одлука да не дава мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, бидејќи веќе е донесена одлука со која се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата веќе има формирано работна група за подготвување  нов предлог Законот за трговија на зелени пазари во која членуваат и претставници на здружението на трговците на зелени пазари и постои цврста политичка определба дека конечното решение ќе биде и во интерес на нивна заштита. дма/сст/

Back to top button
Close