Фудбал

Венгер се сретна со сопственикот на ПСЖ

На состанокот, Французинот добил предлог за соработка со парискиот клуб, но позицијата на Венгер се уште е нејасна.

Париз, 20 февруари 2019 (МИА) – Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер се состана со претседателот на Париз Сен Жермен – Насер Ал-Хелаифи, објави „Екип“.

На состанокот, Французинот добил предлог за соработка со парискиот клуб, но позицијата на Венгер се уште е нејасна.

ПСЖ може да го вработи Венгер како амбасадор на клубот или да го замени спортскиот директор Антеро Енрике, чија работа, според неколку извештаи во медиумите, не го задоволувала менаџментот на клубот.вз

Таг
Back to top button
Close