0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Вардар на тешко гостување кај Кристијанштад во ЛШ

На вардарци им остануваат уште две средби од групната фаза во ЛШ, вечерва со Кристијанштад и против Монпелје на 2 март во Скопје, а овие два натпревари ќе дадат одговор како ќе стартуваат „црвено-црните“ во осминафиналето и кој ќе биде нивниот следен ривал.

Кристијанштад, 23 февруари 2019 (МИА) – Ракометарите на Вардар денеска од 19 часот против Кристијанштад го играат мечот од 13 коло во група „А“ од Лигата на шампионите.

На вардарци им остануваат уште две средби од групната фаза во ЛШ, вечерва со Кристијанштад и против Монпелје на 2 март во Скопје, а овие два натпревари ќе дадат одговор како ќе стартуваат „црвено-црните“ во осминафиналето и кој ќе биде нивниот следен ривал.

За Шведска не отпатуваа Вуко Борозан и Марко Мишевски, а тренерот на тимот Роберто Парондо изјави дека уште неколку играчи имаат проблеми, но тие ќе бидат во комбинација за натпреварот во Шведска.

– Кристјанштад има нов тренер и тие покажаа дека играат добро на домашен терен, сосема спротивно кога се гости. Затоа не знаеме што се може да подготват. Ние сме подготвени да играме онака како што знаеме. Играчите се подготвени за она што следи. Забораваме што било претходно и мислиме само на она што следи. Ќе биде секако тешко поради проблемите што ги имаме, вели Парондо.

На првиот меч сезонава во Скопје, Вардар триумфираше со 33-25. вз

Таг
Back to top button
Close