Фудбал

Тухел се надева дека Нејмар ќе почне да тренира во март

ПСЖ се надеваат дека тој ќе биде на линија за четвртфиналната фаза на ЛШ, која започнува во април. Нејмар е во својата татковина Бразил од 20 февруари, каде продолжува со рехабилитацијата и ја пропушти победата на ПСЖ против Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 2:0.

Париз, 25 февруари 2019 (МИА) – Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел се надева ѕвездата на тимот Нејмар ќе ги обнови тренинзите по реваншот од осминафиналето на Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед на 6 март.

Најскапиот фудбалер во историјата за последен пат беше во игра на 23 јануари, кога во дуел за Купот на Франција против Стразбур претрпе повреда на стапалото. Според првичните податоци, тој ќе отсуствува околу 10 недели.

ПСЖ се надеваат дека тој ќе биде на линија за четвртфиналната фаза на ЛШ, која започнува во април. Нејмар е во својата татковина Бразил од 20 февруари, каде продолжува со рехабилитацијата и ја пропушти победата на ПСЖ против Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 2:0.

– За нас е важно тој да се врати во Париз пред реваншот против Манчестер Јунајтед, за да ни помогне и поддржи. Се надевам потоа тој ќе има можност да ги обнови тренинзите и да ни помогне. Знам дека лекувањето му оди успешно и тој се чувствува добро во Бразил, изјави Тухел.

ПСЖ освои седум дуели и загуби еден во отсуство на Нејмар. Минатата сезона Нејмар повторно отсуствуваше подолго од терените во текот на овој дел од сезоната, но се врати токму за Светското првенство, каде сепак не успеа да го покаже најдоброто од себе.вз

Таг
Back to top button
Close