0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Тухел: Предизвик е да се соочиме со Јунајтед токму сега

Во однос на тоа кој е фаворит за поминување во следната рунда, Тухел смета дека шансите се 50/50.

Манчестер, 11 февруари 2019 (МИА) – Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел се подготвува за многу тешка вечер на „Олд Трафорд“ утре, кога неговиот тим излегува против Манчестер Јунајтед во првата средба од осминафиналето во Лигата на Шампионите.

– Противникот е сосема различен од претходно, откако веќе игра со самодоверба, бележи многу погодоци, често поведува во резултатот уште во самиот почеток. Манчестер Јунајтед го промени својот стил по пристигнувањето на Солскјер. Тој направи одлична работа. Да се ​​соочиме со овој тим токму сега е голем предизвик. А сепак се радувам што ќе спориме со овој тим, но ќе треба да го покажеме најдоброто од себе, изјави Тухел.

Тој очекува Јунајтед да пристапи смело и да нападне.

– Убеден сум дека за време на средбата ќе има моменти во кои ќе се браниме длабоко во својата половина. Но, ние сме тука и за да постигнеме гол. Се надевам дека ова ќе се случи повеќе од еднаш, вели германскиот тренер.

Тухел специјално се осврна на играта на ѕвездата на тимот Пол Погба.

– Тој секогаш е опасен кога се вклучува во предните позиции – особено кога е во шеснаесетникот и добива подавања оддесно. Тој е извонреден талент. Ретко губи топка, силен е во дуелите и е во можност во секое време да ја направи разлика. Сега веќе е лидер, смета стратегот на Парижаните.

Во однос на тоа кој е фаворит за поминување во следната рунда, Тухел смета дека шансите се 50/50.

– Но за средбата на „Олд Трафорд“ – не сум сигурен, претпазлив е тренерот.

Во овој натпревар тој нема да може да смета на двајца од тројцата голгетери во напад – Единсон Кавани и Нејмар. Ова ги зголемува очекувањата за Килијан Мбапе.

– На Мбапе не му е работа да го менува Кавани или Нејмар. Тој е тука за да ја игра својата игра, заклучи Тухел.вз

Таг
Back to top button
Close