Дописници МКДОпштински вести

Третооделенците од ОУ „Гоце Делчев“ ја посетија Општина Ресен

Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски денеска ги прими третоодделенците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен.

Ресен, 14 февруари 2019 (МИА) – Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски денеска ги прими третоодделенците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен.

На средбата, градоначалникот и службениците ги запознаа основците со начинот на функционирање на општината, со цел нејзино доближување, како интитуција која се грижи и за најмладите.

-Интересот кај најмладите за начинот на функционирање на општината беше голем. Им објаснив и како функционира Советот на општината и дека одлуките ги носат токму советниците, истакна Гошаревски.

Најголемо внимание, како што посочи градоначалникот, било посветено на разговор за заштита на животната средина.

-Сите заедно треба да се грижиме за околината. Навиките се стекнувааат од најмали нозе, затоа и им посочивме на учениците дека не треба да фрлаат отпад насекаде, но и да вршат селекција на отпадот, кој понатаму може да се рециклира, нагласи градоначалникот.

Учениците пак, забележаа дека градоначалникот се грижи за одржувањето на улиците и подобар живот на граѓаните. сс/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close