0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникотBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаИнтервју

Тевдовски: Стабилизиран јавниот долг, во пресметката се враќа и негарантираниот долг

Владата го враќа негарантираниот долг во пресметката на јавниот долг. Ова е предвидено во измените и дополнувањата на Законот за јавен долг кој е во собраниска процедура. Министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА вели дека дека измените на законот се во насока на поголема транспарентност и во согласност со препораките што ги даваат релевантните меѓународни институции, а ќе доведе до поголема кредибилност на податоите за јавниот долг и поголема доверба од страна на инвеститорите.

Скопје, 17 февруари 2019 (МИА) – Владата го враќа негарантираниот долг во пресметката на јавниот долг. Ова е предвидено во измените и дополнувањата на Законот за јавен долг што е во собраниска процедура. Министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА вели дека измените на законот се во насока на поголема транспарентност и во согласност со препораките што ги даваат релевантните меѓународни институции, а ќе доведе до поголема кредибилност на податоците за јавниот долг и поголема доверба од страна на инвеститорите.

Истакнува дека јавниот долг во моментот е стабилизиран и на крајот на 2018 година изнесуваше 48,7 проценти од БДП, а на крајот на 2016 година изнесуваше 48,8 отсто.

– Јасно се гледа дека е стабилизиран.  За споредба со периодот од 2008 до 2016 година, јавниот долг растеше со многу силно темпо. Тој е зголемен од 23,3 отсто на 48,8 отсто од БДП, истакнува министерот во интервјуто.

Во пресметката за јавен долг го враќате негарантираниот долг. Ова е предвидено со измените на Законот за јавен долг. Зошто се прават овие измени?

Измените на Законот за јавен долг се во насока на поголема транспарентност и се во согласност со препораките што ги даваат релевантни меѓународни институции како ММФ, Светска банка, но и Европска унија.

До 2014 година негарантираниот долг беше дел од пресметката на јавниот долг, што потоа беше изваден со измени на законот. На ова сериозни критики упатуваше ЕУ, меѓународните институции, но и тогашната опозиција, како и експертска јавност.

Сега во насока на препораките на меѓународните институции, но и за методологијата на јавниот долг во согласност со меѓународните стандарди се прави оваа измена ќе биде вклучен и негарантираниот долг. Тоа ќе доведе до поголема кредибилност на податоците за јавниот долг, поголема доверба од страна на инвеститорите, што е од особена важност кога се управува со јавниот долг.

Велите дека измените на Законот за јавен долг се усогласување со меѓународната пракса. Кои  новини ги предвидува Законот и од кога ќе почне да се применува?

Новините ќе стапат на сила од кога законот ќе биде изгласан од страна на Собранието. На пленарна седница е ставен во понеделник, во редовна процедура во две читања.

Покрај оваа сериозна измена што се прави за вклучување на негарантираниот долг во пресметката на јавниот долг има и други измени. На пример, Министерството за финансии повторно ќе почне да изработува стратегија за управување со јавниот долг како одделен документ. Таа во 2011 година неоправдано беше вградена во Фискалната стратегија. Така, се помалку податоци се објавуваа за јавниот долг. Сега ние тоа го исправаме.

На овој закон работевме заедно со експерти од Светската банка и по нивни препораки, Министерството за финансии повторно ќе ја објавува Стратегијата за управување со јавниот долг, како посебна стратегија, а паралелно ќе ја објавуваме и Фискалната стратегија. На овој начин подобро ќе ја информираме јавноста за начинот и политиките при управување со јавниот долг.

Исто така, Министерството за финансии ќе врши кредитна анализа на носителите на јавниот долг според меѓународни правила и стандарди. Ова е едно од барањата на ЕУ и ММФ и е во насока на подобрување на управувањето со јавниот долг.   

Опозицијата вели дека Владата се презадолжува и наведува милионски суми нов долг. Колку сме задолжени во моментот?

Би требало за ова да се кажат две бројки, што покажуваат дека јавниот долг е стабилизиран во овој период. На крајот на 2016 година јавниот долг изнесуваше 48,8 отсто од БДП, на крајот од 2018 година изнесува 48,7отсто од БДП, односно јасно се гледа дека е стабилизиран. За споредба во периодот од 2008 до 2016 година, јавниот долг растеше со многу силно темпо. Тој е зголемен од 23,3 отсто на 48,8 отсто од БДП.

За да го стабилизираме долгот преземавме различни мерки и активности за подобрување на кредибилноста, за поголема доверба на инвеститорите.

Ќе кажам дека бројот на аукции на државни хартии од вредност е од три до четири месечно на две месечно, последните година и пол. Поради добрата фискална политика, добрата насока во која се движи земјава,  каматните стапки по кои Министерството за финансии издава хартии од вредност на домашниот пазар се исто така намалени. На пример, ако 12-месечни записи имаше каматна стапка од два отсто на почетокот на 2017 година, сега тие имаат каматна стапка од 0,8 отсто. Исто и на меѓународниот пазар. Веќе е познато дека еврообврзницата што е издадена минатата година е со историски најниска каматна стапка од 2,75 отсто, за споредба сите останати беа со каматна стапка во распон од четири до 10 отсто. Ова е помал трошок што го плаќаат граѓаните, помала каматна стапка и се должи на доброто и ефикасно управување со јавните финансии.

Законот за субвенциониран станбен кредит во понеделник е исо така на собраниска седница. Од кога очекувате да почнат да се применуваат новите услови?

Новите услови ќе почнат да се применуваат откако ќе бидат донесени од страна на Собранието, а бидејќи е во собраниска процедура очекуваме дека набрзо – најверојатно во текот на овој месец или на почетокот на следниот ќе биде изгласан од страна на Собранието.

Најважно е што значајно се намалени каматните стапки. Одлично е што во земјава имаме каматни стапки за станбени кредити кои се под три отсто, поточно во првите три години со измените камата ќе биде 2,9 отсто. Досега не сме имале толку ниски каматни стапки. Подобрени се условите и намалени се каматните стапки и за четвртата и петатта година од станбените кредити. Тоа ќе направи сериозни заштеди за граѓаните. Само од намалувањето на каматната стапка заштедите ќе изнесуваат околу 1.300 евра за кредит од 50.000 евра.

Со измените државата ја зголемува и поддршката за граѓаните за младите до 35 години. Поддршката порано беше 50 отсто од ратата, сега ја зголемуваме на 70 отсто. Правиме измени и кај моделот за субвенција на учеството. И таму се зголемува субвенцијата на 70 отсто од учеството.

Целта е граѓаните кои немаат свое живеалиште да можат на многу полесен и поевтин начин да дојдат до свое живеалиште.    

Правите и измени на законот за готовински плаќања во начинот на издавање фискални сметки. Кои се промените што треба да ги очекуваат фирмите и трговците?

Се прават неколку измени што се прават во насока на намалување на даночната евазија. Фокусирани сме на еден дел што се однесува на сторнирање на сметките. Едно од решенијата на законот е при сторнирањето на сметките да се приложува и сметката што е сторнирана.

Друга измена, се доуредува и делот кај издавањето сторни сметки кај угостителите и обложувалниците, кај кои се пропишува временско ограничување за издавање на сторна сметка во рок од 15 минути од издавањето на фискална сметка, со цел да се спречат злоупотреби.

https://www.youtube.com/watch?v=Kz-5x9Eoh-Y

Сузи Котева Стоименова

Форсина Насковиќ – фото

Back to top button
Close