Biznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Тевдовски: Праведниот данок ја намалува доходовната нееднаквост и го поттикнува економскиот развој

Министерот за финансии Драган Тевдовски присуствува на конференцијата: „Даноци, правда и економски развој“, што се одржува во Ереван, Ерменија, организирана од германската фондација „Фридрих Еберт“.

Скопје, 12 февруари 2019 (МИА) –  Министерот за финансии Драган Тевдовски присуствува на конференцијата: „Даноци, правда и економски развој“, што се одржува во Ереван, Ерменија, организирана од германската фондација „Фридрих Еберт“.

Тој, како што информираат од Министерството за финансии, во своето излагање ги презентираше македонските искуства за реформирање на даночниот систем, со цел намалување на доходовната нееднаквост и забрзување на економскиот развој.

-Само преку создавање кредибилни институции и одговорно управување со истите можеме да одиме напред. Владата уште од почетокот е посветена на креирање подобро општество за сите. Целите се подобар животен стандард за граѓаните, напредок на земјата и развој на економијата. Во делот на даноците сме посветени на креирање праведен даночен систем, изјави министерот Тевдовски.

Тевдовски во својата презентација ги објаснил и причините поради кои Владата одлучила кај нас да воведе праведен, прогресивен данок почнувајќи од годинава.

Министерот за финансии, се наведува во соопштението, во своето обраќање направи споредба помеѓу прогресивните и рамните даноци. Зборуваше за нивните ефекти врз доходовната нееднаквост, јавниот долг и економскиот раст.

Министерот Тевдовски е поканет како говорник на конференцијата поради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии.скс/сд/

 

 

 

Back to top button
Close