0_Македонија.ПорталОпштество

Телото најдено во Вардар е на исчезнатата жена од Драчево

Телото од почината жена што вчера околу 13 часот беше најдено и изавдено од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче е на 38-годишната Д.П. од Драчево, потврди МВР за МИА.

Скопје, 17 февруари 2019 (МИА) – Телото од почината жена што вчера околу 13 часот беше најдено и извадено од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче е на 38-годишната Д.П. од Драчево, потврди МВР за МИА.

Телото вчера беше предадено на обдукција и врз него не се најдени траги на насилство.

По скопјанката Даниела П. се трагаше од понеделникот, 11 февруари, кога нејзиното исчезнување во полициската станица во Драчево го пријавил нејзиниот сопруг. хс/ 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close