0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Таравари: Ова е жален ден за Македонија, се случи трагедија

Ова е жален ден за цела Македонија. Се случи трагедија, се преврте автобус што превезувал луѓе за Гостивар и претежно повредените се гостиварци, изјави вечерва градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој дојде во Градската општа болница „8 Септември“ откако претходно, како што рече, ги посетил еден по еден сите повредени, згрижени во останатите здравствени установи.

Скопје, 13 февруари 2019 (МИА) –  Ова е жален ден за цела Македонија. Се случи трагедија, се преврте автобус што превезувал луѓе за Гостивар и претежно повредените се гостиварци, изјави вечерва градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој дојде во Градската општа болница „8 Септември“ откако претходно, како што рече, ги посетил еден по еден сите повредени, згрижени во останатите здравствени установи.

Според Таравари, вкупно пет лица се во сериозна состојба, хоспитализирани во Кома центарот, додека 25 се во стабилна состојба.

-Во Клиничката болница се примени пет пациенти од кои двајца во сериозна состојба, а три во стабилна. Се преземаат сите потребни активности за нивно лекување, истакна Таравари.

На новинарско прашање дали знае како дошло до несреќата, градоначалникот рече дека ова не се моменти за такви прашања. -Единствено што разговаравме се  нивните имиња и презимиња, дали е се во ред, како се чувствуваат, дали имаат нешто да пренесат и дали уште некако можеме да им помогнеме.  Се надевам дека надлежните институции ќе излезат со првични информации за тоа како се случила несреќата, рече Таравари.

И тој потврди дека возачот на автобусот е жив и се наоѓа во релативно стабилна состојба.

Пред Таравари изјави со подетални информации за несреќата дадоа и министерот за здравство Венко Филиче, како и директорот на ГОБ „8 Септември“ Христијан Костов. Според нив, 13 лица загинале од кои седум на самото место, пет во ГОБ 8 Септември и еден во Старата градска болница во Скопје.

Во ГОБ „8 Септември“ се и вицепремиерите Оливер Спасовски и Бујар Османи.

Пред болницата  уште пред еден час можеше да се забележи како се собираат роднини на повредените. мч/ац/

Back to top button
Close