0_Македонија.ПорталВидеоПолитикаХроникаХроника.Портал

Спасовски: Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност сублимат на активностите во Западен Балкан

Зајакнување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан во борбата против тероризмот, насилниот екстремизам и организираниот криминал, како и зголемување на граничната безбедност е исходот од иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ).

Скопје, 26 февруари 2019 (МИА) – Зајакнување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан во борбата против тероризмот, насилниот екстремизам и организираниот криминал, како и зголемување на граничната безбедност е исходот од иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ).

Во Скопје денеска на министерската конференција во рамки на Брдо Процесот се одржа третиот состанок на Управниот одбор на иницијативата, чиј домаќин и коорганизатор, заедно со словенечкото претседателство со Брдо процесот, е токму МВР на Република Северна Македонија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конферецијата по завршувањето на состанокот потсети дека со заклучоците на Советот на ЕУ за зајакнување на надворешната димензија на внатрешната безбедност од декември 2016 година всушност е дадена согласност да им се даде приоритет на активности за развивање посеопфатен механизам за спроведување на безбедносни прашања во регионот на Западен Балкан на начин на кој ќе биде компатибилен со пристапот во рамки на европскиот циклус на политики.

-Развојот на интегративниот и комплементарниот пристап во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам се разви во еден цел концепт за интегративно управување со внатрешната безбедност во Западен Балкан. Тероризмот и насилниот екстремизам беше инициран во првиот столб на оваа иницијатива, кој кои потоа се приклучија уште два столба – борба против организираниот криминал и граничната безбедност, рече Спасовски.

На денешниот состанок, како што посочи тој, се донеле одлуки за натамошниот развој на самата инцијатива и директно проширување на составот на групата за поддршка на ИИЦГ со претставници од Западен Балкан.

-Одредени промени беа направени во координацијата на групата за поддршка. ИИЦГ има цел на едно место да ги сублимира сите активности на ЕУ и на меѓународните и регионални организации во регионот на Западен Балкан, при тоа придонесувајќи кон координација на напорите во овој дел од Европа и избегнувајќи евентуално непотребно повторување на активности кои се реализираат од други меѓународни и регионални организации во овој регион, рече Спасовски.

Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар изрази задоволсто што конференцијата се одржува во Скопје и ја потенцира важноста за соработка меѓу државите од регионот во сферата на внатрешната безбедност преку оваа региионална платформа.

-Преку зајакнување на соработката успешно да се соочиме со предизвиците во регионот на Западен Балкан, рече Поклукар и додаде дека иницијативата ефикасно ги поддржува земјите од регионот во нивните напори за исполнување на европските стандарди во сферата на безбедноста. ац/

Изјави министерска конференција од Брдо процесот

Posted by MИА.mk on Вторник, 26 февруари 2019

 

Таг
Back to top button
Close