Состојба на патиштата

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Скопје, 11 февруари 2019 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

На патниот правец Струга – ГП Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината на движење е ограничена на 40 км/ч.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца) од 15.11.2018 до 1.04.2019 година е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.

-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.

АМСМ предупредува возaчите да пристапуваат внимателно и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.

Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои  Р-1402 на  од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.

На 04.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с. Смоквица до с. Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1 Смоквица – Гевгелија во двата правци. На местата на изведување на работите  поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари) – Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

АМСМ апелира до учесниците во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.

Информации за движење низ ЈАСЕН

Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

Скопје кон Македонски Брод 07:30 – 08:30 часот и 14:30 – 15:30 часот

Македонски Брод кон Скопје 06:00 – 07:00 часот и 16:00 – 17:00 часот

Информативен центар

(02) 15 555

Back to top button
Close