Временска прогноза

Сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец

Скопје, 17 февруари 2019 (МИА) – Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура до нула, а дневната температура ќе достигне до 13 степени.

Следува период на претежно сончево и потопло време со пораст на дневната температура.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close