0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Собранието денеска нема да заседава – одложени двете пленарни седници

Од Собранието на Република Северна Македонија информираат дека се одложуваат за денеска закажаните 86. и 88. седница, но не ги наведуваат причините.

Скопје, 25 февруари 2019 (МИА) – Од Собранието на Република Северна Македонија информираат дека се одложуваат за денеска закажаните 86. и 88. седница, но не ги наведуваат причините.

На продолжението на 86-та седница требаше да расправа за интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по барање на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците, меѓу другото, на оваа седница треба да расправаат и за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, предлог-законите за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за акцизите, сите во прво читање.

На дневен ред на 88. седница на Парламентот, меѓу другото, беше и расправата за Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, во второ читање и дополнетите предлог-закони за прекршоци и за управни спорови, исто така во второ читање. дма/са/

 

Back to top button
Close