0_Македонија.ПорталПолитика

Седница на Управниот одбор на Здружението на судии

Понудениот пакет-мерки за платите на судиите и останатите додатоци на плата треба да се прифати со оглед на фактот дека тој нуди системско решавање на ова прашање, но треба да се обезбедат соодветни формални гаранции за исполнување на оваа понуда, односно договор, заклучил Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРМ) на денешната 24-та седница.

Скопје, 15 февруари 2019 (МИА) – Понудениот пакет-мерки за платите на судиите и останатите додатоци на плата треба да се прифати со оглед на фактот дека тој нуди системско решавање на ова прашање, но треба да се обезбедат соодветни формални гаранции за исполнување на оваа понуда, односно договор, заклучил Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРМ) на денешната 24-та седница.

Од Управниот одбор ќе достават предлог-мерки до Владата со кои бараат веднаш да се формира работна група од Министерството за правда, Министерството за финансии и ЗСРМ, која ќе пристапи кон изготвување на законски решенија за измени и дополнувања на Законот за плати на судиите во делот на коефициентот за утврдување на платите на судиите и основицата за пресметување на платите.

Бараат да се пристапи кон исплата на две заостанати побарувања на додатоци на плата за 2016 година, со што ќе се покаже спремност за реализација на пакетот мерки.

– Расправајќи по информации од членовите на Управниот одбор, Здружението на судиите, остро ги осудува евентуалните притисоци кои се насочени кон судиите, во однос на нивната одлука за начинот на остварување на правата за додатоци на плата, и смета дека тие се контрапродуктивни и не доведуваат до суштинско решавање на ова прашање, се наведува во соопштението од ЗСРМ.

Управниот одбор, како што е наведено во соопштението, уште еднаш го афирмира ставот дека платите и останатите примања по основ на плата, се лични и поединечни права на судиите и за истите тие треба да одлучат поедниnечно, при тоа, имајќи предвид понудениот пакет од страна на Владата на РМ, начинот и времето за остварување, но, секако и перспективата на отворениот дијалог и можните трајни решенија во полза на судиите.

Седницата на УО на ЗСРМ е одржана по средбата на претседателот на Здружението, Џемали Саити во придружба на претседателите на четирите апелациски судови во Владата и добиените произнесувања од подружниците во однос на овие разговори и понудениот пакет-мерки за решавање на ова прашање. дма/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close