Дописници МКДОпштински вести

Се градат згради за месните заедници во Општина М.Каменица

Во Општина Македонска Каменица почна изградбата на објекти за функционирање на основните клетки на локалната самоуправа во таканаречените месни заедници. Целта на овие активности, како што истакна градоначалничката Соња Стаменкова е создавање предуслови за подобар и полесен контакт со жителите од селските средини.

Македонска Каменица, 21 февруари 2019 (МИА) –  Во Општина Македонска Каменица почна изградбата на објекти за функционирање на основните клетки на локалната самоуправа во таканаречените месни заедници. Целта на овие активности, како што истакна градоначалничката Соња Стаменкова е создавање предуслови за подобар и полесен контакт со жителите од селските средини.
-Согледувајки ја потребата за подобра комуникација со месните заедници, Општина Македонска Каменица почна со изградба на згради на месните заедници. Со активностите во моментот се опфатени месните заедници во село Саса и во местото викано Стара Каменица. Со реализација на овој проект сметаме дека значително ќе го подобриме квалитетот на живеење во селските средини, вели Стаменкова.
Информираше дека договорот за изградбата на зградите во месните заедници што општината го склучи со фирмата изведувач е во вредност од осум милиони и 300 илјади денари.
Градежните работи се во тек, а очекувањата се новите згради во гореспоменатите населени места да бидат готови до почетокот на летото. вс/сд/

Back to top button
Close