0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитички партии

СДСМ: Мицковски се стави во одбрана на осомничените организатори за насилствата од 27 април

Скопје, 20 февруари 2019

Скопје, 20 февруари 2019

Христијан Мицкоски веднаш рипна да го брани неговиот шеф – осудениот криминалец и бегалец Никола Груевски.

Мицкоски се стави во одбрана на осомничените насилници и организатори на насилството од 27 април.

Дваесет и седми април е најтрагичниот датум во историјата на нашата држава. Ден кога со насилниот упад во Собранието беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски.

Затоа Мицкоски се заканува кон судии и обвинители, се меша во судството, зборува за убиства..

Нема Мицкоски да кажуваш ти кој е виновен а кој не од белиот дворец, туку судот и надлежните институции. Република Северна Македонија е правна држава.

Сите оние кои биле извршители и нарачатели крвавите настани на 27-ми април, мора да понесат одговарност согласно законите, низ транспаретна судска постапка.

А, за тоа кој е готов, на кому му отчукува часовникот и кој паѓа ќе видиме мноу брзо.

Еве ги претседателските избори Мицкоски и нема бегање, те чека пораз, твоите нервозни реакции нема да се спасат. Можеш да размислуваш за оставка во сопствената партија.

Граѓаните ги поразија твоите деструктивни политки, одбраа иднина. Нема враќање назад во темното минато на криминал, изолација и неизвесност.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close