Општински вестиСкопје

Санкционирани 799 непрописно паркирани возила во Центар во февруари

Сообраќајната полиција и „Пајак службата“ на ЈП „Паркинзи на општина Центар“-Скопје во текот на месец февруари санкционираа и отстранија 799 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар.

Скопје, 28 февруари 2019 (МИА) – Сообраќајната полиција и „Пајак службата“ на ЈП „Паркинзи на општина Центар“-Скопје во текот на февруари санкционираа и отстранија 799 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар.

Од ЈП ПОЦ информираат дека со помош на трите специјални возила „пајак“, во периодот од 1-ви до 28-ми февруари 2019 година, отстранети се 799 возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, од кои пет несовесно паркирани возила биле затекнати на паркинг места наменети за лица со посебни потреби.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. мс/сд/

Back to top button
Close