Дописници МКДОпштински вести

Радовиш почнува со одбележување на илјадагодишната историја

Општина Радовиш од утре почнува со одбележување на значаен јубилеј од своето минато-илјада години од првото пишано спомнување како рано средновековно гратче во грамотата на византискиот император Василиј Втори.

Радовиш, 12 февруари 2019 (МИА)- Општина Радовиш од утре почнува со одбележување на значаен јубилеј од своето минато-илјада години од првото пишано спомнување како рано средновековно гратче во грамотата на византискиот император Василиј Втори.

Одбележувањето почнува утревечер во Домот на културата, а ќе трае во текот на целата година со најразлични содржини.

-Ќе понудиме разни содржини од музичко-сценските уметности, драмската и книжевната уметност, ликовната, како и многу фолклорни и традиционални бисери или со еден збор многу атрактивни културни содржини, со кои се надеваме дека ќе го подигнеме нивото на културното живеење во нашата општина, а со тоа и заеднички ќе го промовираме Радовиш како општина со богато културно-историско наследство, информираат од општината.

Дел од содржините во оваа програма се веќе традиционални и познати на пошироката јавност, но одреден дел се нови и со нив ќе се одбележува овој јубилеј.рт/сд/

 

Back to top button
Close