Дописници МКД

Работилница за изготвување нацрт-стратегија за млади во Крива Паланка

Во организација на Центарот за младински иницијативи "Цик Цак" од Крива Паланка денес се одржа трета последователна работилница за изготвување нацрт-стратегија за млади во општината.

Крива Паланка, 15 февруари 2019 (МИА) – Во организација на Центарот за младински иницијативи “Цик Цак” од Крива Паланка денес се одржа трета последователна работилница за изготвување нацрт-стратегија за млади во општината.
Денешната работилница е дел од процесот на стратешкото планирање што се одвива во рамките на проектот „Промоција на младинскиот активизам преку креирање институциска платформа за младински потреби“.
– Темите на работилницата беа принципот на изработка SWOT- анализи за стратешка ориентација со анализа на приоритетни области за потребите на SWOT, а беа разработени и методи за развивање стратегија. За реализација на проектот и за изготвувањето на нацрт – стратегијата за младите во општина Крива Паланка, досега се реализираа три работилници, а согласно предвидените проектни активности предвидена е и четврта што ќе се реализира во наредниот период, изјави Димитар Петровски, координатор на проектот.
На денешната работилница присуствуваа претставници на средношколците и наставниот кадар од СОУ “Ѓорче Петров”, претставници на младинските организации и здруженија од општината, како и од локалната самоуправа.
-Целта е да биде изработен стратешки документ за младинските потреби и прашања, врз база на сеопфатна анализа, преку анкетни прашалници и проекци, што понатаму се очекува да биде доставен на усвојување до Советот на општината, додаде Петровски.ид/скс/

Back to top button
Close