Дописници МКДОпштински вести

Работилница: До 2030 година Малешевијата да стане препознатлива воздушна бања

За 10 години или најдоцна до 2030 година Берово и Малешевијата да станат препознатлива македонска воздушна бања, центар за благосостојба, природа и здрава локална храна каде се слават автентичноста и традицијата, е една од целите на проектот за локална и регионална конкурентност во чии рамки денеска се одржа првата работилница на тема „Управување со дестинации".

Берово, 19 февруари 2019 (МИА) – За 10 години или најдоцна до 2030 година Берово и Малешевијата да станат препознатлива македонска воздушна бања, центар за благосостојба, природа и здрава локална храна каде се слават автентичноста и традицијата, е една од целите на проектот за локална и регионална конкурентност во чии рамки денеска се одржа првата работилница на тема „Управување со дестинации”.
Како што информира координатор од УМФ „Тренинг”, Александар Караев, проектот има четири компоненти и базира на сеопфатен пристап кон развојот на туризмот и управувањето со дестинациите во неколку региони од државата. Меѓу очекуваните резултати е зголемување на бројот работни места во Берово поврзани со туризмот, спроведувањето на реформите утврдени преку консултативен дијалог на приватните и јавните субјекти  и дополнителни инвестиции на приватниот сектор.
-Една од целите е да се обезбеди инвестициско финансирање и градење капацитет за растот на секторот и инвестициите во дестинациите, истакна Караев и најави дека ќе биде изготвена високо квалитетна понуда која би привлекла посетители од Македонија, Балканот и пошироко во текот на целата година.
Проектот финансиран од ИПА 2, е во вредност од околу 21 милион евра. вс/мч/

Back to top button
Close