Дописници МКДОпштински вести

Прочистувачи на воздух за две средни училишта во Кавадарци

Триесет и пет прочистувачи за воздух вредни 25 илјади евра добија гимназијата и земјоделско шумарското училиште во Кавадарци, донација од компанијата Блу ер.

Кавадарци, 27 февруари 2019 (МИА) – Триесет и пет прочистувачи за воздух, вредни 25 илјади евра, добија гимназијата и земјоделско шумарското училиште во Кавадарци, донација од компанијата „Блу ер“.

Претходно, прочистувачи од оваа фирма добија градинките, а за основните училишта донираше  Фондацијата “Никола Јанчев”. Вкупната бројка на прочистувачи во воспитно образовни установи е околу двеста.

Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев информираше дека се работи на физибилити студија и основен проект за гасификација што е готов, за 22 километра гасификациска мрежа.

– Ги побаравме податоците од подружницата “Бор” на “Македонски шуми” за тоа колку кавадаречки семејства купуваат дрва за огрев. Околу пет илјади домаќинства се греат токму на дрва обезбедени оттаму, а плус се оние кои со огревно дрво се снабдуваат од други места. Ќе направиме и анкетни прашања колку од тие потенцијално може да се префрлат да се греат на гас или друго алтернативно гориво. Општината исто така субвенционира еколошко греење и набавка на велосипеди, рече Јанчев.

Благодарност за донацијата искажаа директорите на двете средни училишта, Невенка Поп-Ангелова и Горан Велковски.

Од компанијата Блу ер, што ги донира прочистувачите, нагласија дека станува збор за паметни уреди кои вршат квалитетно прочистување на воздухот. свд/бт/

Back to top button
Close