БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Притвор за Србинот осомничен за убиство на 33 Албанци во Косово во 1999 година

Обвинителството во косовскиот град Пеќ му одреди 30-дневен притвор на Зоран Ѓокиќ, кој во петокот вечерта беше упасен на граничниот премин Јариње меѓу Косово и Србија, врз основа на потерница издадена од Специјалното обвинителство на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 4 февруари 2019 (МИА) – Обвинителството во косовскиот град Пеќ му одреди 30-дневен притвор на Зоран Ѓокиќ, кој во петокот вечерта беше упасен на граничниот премин Јариње меѓу Косово и Србија, врз основа на потерница издадена од Специјалното обвинителство на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според обвинението, Ѓокиќ се сомничи дека убил или помогнал во убиството на 33 цивили Албанци во Пеќ за време на конфликтот во Косово во 1998 и 1999 година.

Убиствата се случиле на 26, 27 и 28 март и на 13, 17 и 28 мај 1999 година во населбата „Кристал“ во Пеќ, градот кој, заедно со Ѓаковица, според извештаите на домашните и меѓународните хуманитарни организации, имаше голем број цивилни жртви и претрпе најтешки разурнувања во последната војна во Косово.

Ѓокиќ, кој во тоа време живеел во Митровица, а моментно е државјанин на Република Србија, се сомничи за „воени злосторства во спротивност со Женевската концвенција, намерно предизвикување тешки страдања и тешки телесни оштетувања, насислства и сексуални злоставување“, како и за серија други воени злосторства кои се санкционираат со Кривичниот закон на Косово и со оној на поранешна СФР Југославија, соопшти Обвинителството во Пеќ.

Адвокатот на осомничениот Ѓокиќ, кој беше упасен во петокот околу 22 часот во Јариње при обид да влезе во Косово, во изјава за српските медиуми ги ортфрли наводите на Специјалното обвинителство на Косово.

Судот во Пеќ објави дека адвокатот Љубомир Пантовиќ може да поднесе жалба на одлуката за притвор на Ѓокиќ до Апелацискиот суд во Приштина. иа/сп/

Таг
Back to top button
Close