0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Пристап до интернет имаат 84 проценти од домаќинствата

Пристап до интернет имаат 84 проценти од домаќинствата додека 78 проценти од населението користи интернет, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење за пазарот на електронски комуникации на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Скопје, 22 февруари 2019 (МИА) – Пристап до интернет имаат 84 проценти од домаќинствата додека 78 проценти од населението користи интернет, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење за пазарот на електронски комуникации на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Најголем дел од корисниците на интернет (38 проценти) ја користат оваа услуга од Македонски Телеком, потоа следуваат Оне,Вип (27 проценти и Телекабел *14 проценти).

Најкористена технологија за пристап на интернет е кабелски интернет со 39,3 проценти, понатаму следуваат  ADSl со 35,5 проценти,оптички интернет -10,7 проценти LAN пристап 6,5 проценти безжичен интернет – 1,7 проценти и мобилен интернет преку USB – 0,4 проценти.

Речиси сите испитаници поседуваат телевизор во домаќинството 99,5 проценти од кои мнозинството (90 проценти) плаќаат месечен надомест за телевизиски услуги. Половина од населението поседува смарт телевизор во домот. Убедливо најкористена апликација на смарт телевизорите е Youtube.

Половина од домаќинствата што плаќаат месечна претплата за телевизија сигналот го добиваат преку кабелски приклучок (50,1 процент) по што следува IPTV (31,9 проценти) DVB-T (11,1 процент) и сателитскиот приклучок (1,5 проценти).  Дополнителен пакет  или канали со доплата имаат активирано 16 проценти од корисниците на платени телевизиски услуги.

Се повеќе се користат телекомуникациски услуги во пакет 

Интернет и телевизија стандардно се најзастапени услуги во пакетите додека најголем раст се забележува кај мобилната телефонија која се повеќе се користи во пакет со некоја друга услуга. Најпопуларен пакет на услуги е пакетот на „интернет и ТВ“ со 38,5 проценти додека најбрзорастечки е пакетот што ги обединува четирите услуги „фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и ТВ услугите“ со пораст од 10 проценти  во однос на 2017 година.

Главен двигател за корисниците да земат услуги во пакет останува поевтината цена на пакетот во однос на поединечните цени на услугите. Мал дел (17 проценти) од кориснците на телекомуникациски услуги во пакет от има вклучено услуга што не им е потребна. Мнозинството од нив (94 проценти) сметаат дека таа услуга е фиксната телефонија.

Свесност за постоење на регулаторот кај 60 проценти од населението

Во 2018 година свесноста за Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) изнесува 60,4 проценти  од населението. Свесноста за АЕК е највисока кај населението на возраст од 30-39 години (74,5 проценти) а најниска кај испитаниците на возраст над 60 години (35,2%).

Повеќе од половина од населението (53,8 проценти) смета дека АЕК придонесува во процесот на либерализација и развој на македонскиот пазар за електронски комуникации, но овој процент е во постојан пад.

Анкетата е спроведена од 27 септември до 12 октомври минатата година на територијата на државава на случаен репрезентативен примерок од 1100 испитаници корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.лв/са/

 

Back to top button
Close