0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Примарната здравствена заштита главен темел за унапредување на здравството

Здравјето и благосостојбата на граѓаните за Владата на Република Северна Македонија се едни од врвните приоритети. Здрави граѓани значи посреќни граѓани, кои можат да заработуваат за себе и за своето семејство и активно да придонесуваат за целото наше општество. Годинава во Буџетот за здравствена заштита се издвоени средства во износ од 30 милијарди денари, што е за две милијади денари повеќе споредено со 2018 година, создавајќи сигурен и цврст здравствен систем, кој ќе нуди беспрекорни услуги за сите.

Скопје, 13 февруари 2019 (МИА) – Здравјето и благосостојбата на граѓаните за Владата на Република Северна Македонија се едни од врвните приоритети. Здрави граѓани значи посреќни граѓани, кои можат да заработуваат за себе и за своето семејство и активно да придонесуваат за целото наше општество. Годинава во Буџетот за здравствена заштита се издвоени средства во износ од 30 милијарди денари, што е за две милијади денари повеќе споредено со 2018 година, создавајќи сигурен и цврст здравствен систем, што ќе нуди беспрекорни услуги за сите.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Националниот форум за здравство насловен „За поздрав живот: патот до квалитетна и ефикасна примарна здравствена заштита во Република Македонија“, што го организира Министерството за здравство со поддршка на Светската здравствена организација.

Република Северна Македонија истовремено, посочи, исполнува една од 17-те цели за одржлив развој во агендата за одржлив развој 2030 година на ОН. Потенцира дека во фокусот на Владата е да обезбеди и гарантира дека примарната здравствена заштита ќе биде носечки столб на целиот здравствен систем. Но, во исто време, нагласи, примарната здравствена заштита го претставува и целокупниот пристап на општеството кон здравјето на луѓето односно кон стремежот здравствените услуги што побрзо и што поблиску да стигнат до граѓаните и да бидат прилагодени на нивните потреби.

– За создавање високо квалитетна и безбедна примарна здравствена заштита неопходни се мултисекторски политики и активности кои ќе се создаваат и ќе се реализираат заедно со заедницата. За да постигнеме социјална и здравствена еднаквост потребни ни се координирани политики на неколку нивоа и во неколку сегменти односно измена на одредени закони и прописи, промена на средината, како и информативни и едукативни кампањи. Ако во текот на образовниот процес наставниците не ја втемелат навиката за физичка активност кај дел од учениците тие во подоцнежните години од животот можеби ќе бидат почесто болни од учениците кои редовно практикуваат одредена физичка активност, рече Заев.

Затоа, појасни, примарната здравствена заштита треба да ја препознае улогата која ја имаат сите останати сектори, почнувајќи од финансиите и индустријата до образованието, земјоделството и урбанистичкото планирање.

– Истовремено примарната здравствена заштита треба да се осигура дека овие сектори се свесни за влијанието на нивните одлуки врз здравствените резултати и тоа секогаш да го имаат на ум при процесот на носење на одлуки, додаде Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека покрај подобрување на повисоките нивоа на заштита во здравствениот систем, примарната здравствена заштита останува главен темел за унапредување на здравството.

– Наши приоритети се превенцијата и грижата за превалентни заразни и незаразни болести, како и нивните фактори на ризик, менталните нарушувања, но и подобрување на грижата за мајките и децата, грижата за старите и ранливите групи, односно за поздравиот живот да стане реалност без оглед на возраста и социо-економскиот статус. Светската банка е вклучена со проценка на здравствениот систем со посебен фокус на примарната здравствена заштита. Бараме нов модел што ќе одговори на предизвиците и ќе се заснова на зајакнување на примарната здравствена заштита како основ за обезбедување подобро здравје и здравствен систем воопшто, рече Филипче.

Директорот на одделот за здравствени системи и јавно здравје во рамки на Светската здравствена организација, Ханс Клуге рече дека минатата година сите земји во светот постигнале согласност да се зајакне примарната здравствена заштита заради постигнување што подобри здравствени резултати.

– Вашата земја е првата во светот која ја операционализираше таа цел. Во вашата земја има многу добра основа на која може да се надградуваат резултатите. Од исклучителна важност е политичката волја и политичката посветеност да се зајакне примарната здравствена заштита, која е најблиску до луѓето, заедниците и е економски најдостапна и во набрзо време може да им го обезбеди она што им е потребно на луѓето, истакна Клуге. рп/сд/

 

Back to top button
Close
Close