Дописници МКДОпштински вести

Прилеп: Традиционален марш по повод Февруарскиот поход

По повод седумдесет и петгодишнината од Февруарскиот поход, големата епопеја од НОБ и ревулуцијата, прилепскиот Сојуз на борци денеска го организира традиционалниот марш по врвиците на овој поход.

Прилеп, 24 февруари 2019 (МИА) – По повод седумдесет и петгодишнината од Февруарскиот поход, големата епопеја од НОБ и ревулуцијата, прилепскиот Сојуз на борци денеска го организира традиционалниот марш по врвиците на овој поход.

Маршот започна изутрината од пред Меморијалниот музеј „11 Октомври“ во центарот на Прилеп и се движи по Селечка планина, и тоа од месностите Бучало – Бузана чешма – Дунанива – Петров кладенец – Домаќинско чешмиче, па до манастирот „Свети Димитрија“ и до селото Селце.

На маршот, што е во чест на храброста на партизанските единици при големиот Февруарски поход 1944 година, учествуваат планинарските друштва од Прилеп, гости од другите градови од земјава и голем број граѓани. ем/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close