Дописници МКДОпштински вести

Преку 40 години отпадни води му го полнат подрумот на жител на делчевската населба Милково Брдо

Отпадна вода од населбата Милково Брдо цели 40 години се собира во куќата на Стефан Стоичов од Делчево. Откако ја изградил куќата, Стоичов од сите досегашни власти бара да му се реши проблемот со кој се засегнати и останатите жители и нивните деца, бидејки во близина има и детско игралиште.

Делчево, 15 февруари 2019 (МИА) – Отпадна вода од населбата Милково Брдо цели 40 години се собира во куќата на Стефан Стоичов од Делчево. Откако ја изградил куќата, Стоичов од сите досегашни власти бара да му се реши проблемот со кој се засегнати и останатите жители и нивните деца, бидејки во близина има и детско игралиште.

– Атмосферска вода е внесена од шест места во населба Милково Брдо и од таму водата се слива во мојата куќа. Над и околу куќата има цевки од каде излегуваат фекалии што може да се види од околните цевки. Во изминатите 40 години ова барање го имам доставено и до комуналци, и до надлежни, никој со око не трепка, вели Стоичов.

Стоичов за овој проблем неодамна ги запознал и делчевските советници, а ветување добил и од градоначалникот на општината Горан Трајковски, кој истакнал дека со поставување на таканаречени „решетки“ наскоро ќе биде решен проблемот.

– Ние веќе имаме подготвено решетки кои ќе се стават на испустите во тој дел, со што ќе се реши овој проблем. Сакам да напоменам дека проблемите кои се наталожени повеќе од 40 години не можеме преку ноќ да ги решиме, но сме должни секое едно барање да го разгледаме и како во случајот на Стоичов истото и да го решиме, вели Трајковски.

Од општината најавуваат и дека ќе се зјаакнат контролите на терен, со цел да се спречат дивите приклучоци на фекална во атмосферска канализација кои се најголема причина за запушување и излевање на атмосферските одводи во Делчевско. вс/аа/

Back to top button
Close